• сабота, 31 август 2024

Доминација на Швеѓанките на спринтот класично на Светското првенство Словенија

Доминација на Швеѓанките на спринтот класично на Светското првенство Словенија

Планица, 23 февруари 2023 (МИА) - Шведската скијачка Јона Сундлинг победи во класичниот спринт на Светското првенство во Планица.

Таа во финалето растојанието од 1,4 км го помина за 3:21,67 минути.

Втора на целта мина нејзината сонародничка Ема Рибом со 87 стотинки заостанување.

Брозата и припадна на уште една Швеѓанка - Маја Далквист со 4,5 секунди послабо време од победничката.

Во квалификациите во оваа дисциплина настапи Македонката Ана Цветановска која го освои 86. место во конкуренција на 100 натпреварувачки. зс/

Остани поврзан