• вторник, 24 декември 2024

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен - Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен - Хамилтон, но сметам и на други тркачи
Лондон, 3 јануари 2022 (МИА) - Шефот на Формула 1, Стефано Доменикали, рече дека се надева дека ќе ја продолжи борбата меѓу возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон и возачот на Ред Бул, Макс Верстапен во 2022 година. - Благодарение на битката меѓу Луис и Макс, интересот за Ф-1 беше голем. Очекуваме бум во САД, ова е многу важно за нас. Мислам дека мојата прва година на оваа функција беше добра. Се надеваме дека сезоната 2022 ќе биде уште подобра. Макс покажа неверојатен напредок низ годините, а во 2021 година постојано се бореше до крај. Така што мислам дека ја заслужува титулата. Едвај чекам да видам како ќе се претстави во новиот шампионски статус, истакна Доменикали. Првиот човек на најбрзиот „циркус“ во светот се надева дека битката ќе продолжи. И во новата сезона. - Верувам и посакувам неизвесноста да продолжи и во 2022 Но, исто така се надевам дека и други возачи ќе се приклучат во борбата за титулата. Сега има многу млади и талентирани пилоти во Ф-1, додаде Доменикали. Шефот на шампионатот раскажа на кои пазари Ф-1 планира да го зголеми своето влијание. - Како што реков, САД ни се важни и работиме напорно за да имаме успешна трка во Мајами во 2022 година. Исто така, не го потценувајте Далечниот Исток, особено со доаѓањето на Жу Гауанју во Алфа Ромео. Расте интересот од Кина, а и овој регион ќе стане еден од клучните за нас. Би било одлично да се вратиме во Африка - на север или југ од континентот. Европа ни е многу важна: мора да го задржиме традиционалното Гран при. И јас сум разочаран што немаме ГН на Германија во моментов. За жал, не гледам вистински интерес од Германија. Штета е, па дури и тешко да се поверува. Се надеваме дека ова ќе се промени во иднина. Добиваме прашања од целиот свет и лесно можеме да се натпреваруваме на 30 различни етапи, потенцира Доменикали. Новата сезона во светскиот шампионат во Формула 1 треба да почне ва март во Бахреин. зс/

Остани поврзан