• сабота, 23 ноември 2024

Доменикали: Подготвен сум да разговарам со канцеларот Шолц во секое време за враќањето на ГН на Германија

Доменикали: Подготвен сум да разговарам со канцеларот Шолц во секое време за враќањето на ГН на Германија

Лондон, 3 јули 2023 (МИА) – Извршниот директор на Формула 1 Стефано Доменикали, секогаш е подготвен да разговара со канцеларот Олаф Шолц за враќањето на трката за Големата награда на Германија.

 

Доменикали рече дека враќањето на трките во Германија е важно со оглед на влезот на „Audi“ во Ф1 во 2026 година.

 

- Не бараме 100 милиони евра за организирање на Гран при, но во исто време, ние не работиме добротворна работа. Организацијата на Гран при треба да има смисла за нас. Доколку канцеларот Шолц или релевантниот министер се отворени за дискусија, јас сум на располагање во секое време. Сакам да имам сигурна финансиска поддршка, а Германија повторно да стане земја со Формула 1. Штета е што има мал интерес за Ф-1 во Германија. Овој пазар е многу важен за нас, особено ако се земе предвид пристигнувањето на Ауди во 2026 година, изјави Доменикали за „Bild“.

Последен пат трка во Формула 1 за Големата награда на Германија се одржа во 2020 година. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан