• понеделник, 23 декември 2024

Доменикали: Би сакал да ги намалам тренинг-возењата на минимум, тие се интересни само за инженерите

Доменикали: Би сакал да ги намалам тренинг-возењата на минимум, тие се интересни само за инженерите

Лондон, 27 март 2023 (МИА) – Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали има намера да го промени форматот за време на гран-при викендите.

 

- Би сакал да ги сведам тренинзите на минимум, тие се интересни само за тимските инженери, не и за гледачите. Заедно со други менаџери работиме во оваа насока. На следниот состанок на Комисијата за натпреварувањето во Ф-1 ќе го изнесам мојот предлог. Според мене, возачите секој пат треба да се борат за нешто важно. Ќе разговараме како да направиме промени во тековниот формат за викендите, дали може нешто да се подобри. Едвај чекам да разговарам со пилотите и тимовите за потенцијалното намалување на бројот на тренинг-тркита. Се разбира, за тоа треба да разговарате и со ФИА. Мислам дека оваа одлука ќе додаде тензија во шоуто, што сите го посакуваат, изјави Доменикали.

 

Менаџерот нагласи дека Ф-1 нема да го менува форматот на неделната трка.

 

Во 2021 година, Формула 1 воведе спринтови. Оваа сезона во серијата ќе се емитува шест викенди во новиот формат. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан