• сабота, 23 ноември 2024

Долниот дом на швајцарскиот Парламент против државни гаранции за Кредит Свис

Долниот дом на швајцарскиот Парламент против државни гаранции за Кредит Свис

Берн, 12 април 2023 (МИА) - Долниот дом на швајцарскиот Парламент синоќа ја задржа поддршката за државната гаранција што ја обезбеди со продажбата на банката Кредит Свис (Credit Suisse) на ривалската УБС, негодувајќи со симболично гласање за огромната владина поддршка за трансакцијата.

Владата на 19 март донесе уредба за државна гаранција заснована на кризни овластувања, која беше одобрена од комисиите за финансиска политика во двата дома на Парламентот, така што, од правна перспектива, отфрлањето на претставниците во Долниот дом е само симболичен чин.

За исходот од гласањето сепак ќе биде потребна процедура за помирување која ќе започне во текот на денот.

Владата вети 109 милијарди швајцарски франци (121 милијарда долари) во случај банката што пропаѓа да не може да ги исполни своите обврски.

Голем број парламентарци побараа усвојување на нови регулативи со цел да се намалат ризиците што приватните, системски важни, банки ги претставуваат за федералниот буџет и економијата во целина.

Собранието ја повика Владата да истражи дали може да одговараат главните менаџери за состојбата во која се најде банката.

Клиентите ги повлекоа парите од Кредит Свис на која и се заканува несолвентност. Според планот на владата, ситуацијата ја спаси УБС, која ја презеде банката за само три милијарди франци, со државни гаранции. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан