• вторник, 24 декември 2024

Документарец за педофилијата и сексуализацијата на деца во „Никелодеон“

Документарец за педофилијата и сексуализацијата на деца во „Никелодеон“

Лос Анџелес, 25 март 2024 (МИА) - Новиот документарен серијал „Тивко на сетот: Темната страна на детската ТВ (Quiet on Set: The Dark Side of Kids TV)“ се занимава со мрачната страна во компанијата „Никелодеон“ (Nickelodeon) - продукциска фабрика на некогаш најпопуларните содржини за деца. Се раскажува, всушност, за управувањето на продуцентот Ден Шнајдер, кој дозволил работна средина и услови во коишто ниту младите таленти, ни возрасните вработени лица не биле безбедни.

Шнајдер ја напушти функцијата главен продуцент во 2018 година и не се појавува во документарецот. Сценаристите, децата-ѕвезди и новинарите кои се занимаваа со оваа тема од 90-тите кога Шнајдер стана продуцент, ги раскажуваат своите искуства.

Се чини, најшокантниот дел е исповедта на ѕвездата од серијата „Дрејк и Џош“ - Дрејк Бел, кој првпат јавно проговори за тоа како Брајан Пек - вработен во компанијата, сексуално го злоставувал неколку месеци. Пек, кој им помагал на децата ѕвезди во 2003 година, потоа е уапсен токму поради злоупотреба на Бел, кој тогаш имал 15 години. Името на жртвата досега не беше познато. 

Таткото на Бел, Џо забележа дека токму Шнајдер им овозможил на тројца педофили активно да работат со деца. Освен тоа, кога Џо Бел им се пожали на продуцентите за сомнителното однесување, тие го обвиниле за „хомофобија“, бидејќи Пек бил геј.

Шнајдер на неговиот „Јутјуб“ канал се осврна на документарецот со 20-минутно извинување.

Имаше и обвинувања за ставање деца во непријатни ситуации, на пр. со (не)намерен расизам, но и „хумор“ со експлицитно сексуализирање малолетници, од коишто се издвојува пример со Аријана Гранде.

Стручњаците и сите засегнати се согласуваат дека педофилијата во ТВ-индустријата, сексуализацијата на деца и сексуалното вознемирување никако не треба да се премолчува.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан