• среда, 27 ноември 2024

Додик: Сецесијата никогаш не била политика на Република Српска

Додик: Сецесијата никогаш не била политика на Република Српска

Бања Лука,  21 август 2024 (МИА) - Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска изјави дека РС никогаш не го оспорувала суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ во согласност со Дејтонскиот договор и дека отцепувањето никогаш не било политика на овој ентитет.

Ден по посетата на директорот на ЦИА, Вилијам Барнс на Сараево, тој на својот Х профил напиша дека „меѓутоа, Република Српска има право на политичка борба за својот статус, во согласност со Дејтонскиот договор“.

„БиХ е унија на два еднакви ентитети и три конститутивни народи, затоа е охрабрувачки ставот на г-дин Барнс дека одговорноста за функционирањето на земјата е на сите етнички заедници“, наведе Додик во изјавата на Х.

Претседателот на РС додаде дека борбата против тероризмот е одговорност на целиот слободен свет и дека и РС е посветена на таа борба.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан