• петок, 05 декември 2025

Доделени 56 стипендии за најуспешните ученици од основните училишта од општина Бутел

Доделени 56 стипендии за најуспешните ученици од основните училишта од општина Бутел

Скопје, 12 јуни 2025 

Почитувани,

Ве известуваме дека денес (12 јуни 2025 год.) градоначалникот Дарко Костовски додели 56 стипендии на најуспешните ученици од општинските основни училишта. Локалната самоуправа четврта година по ред доделува стипендии на талентираните ученици. Денес беа доделени стипендии на 11 првенци на генерација на три наставни јазици (македонски, албански и турски) во износ од 12.000 денари. Исто така, беа доделени стипендии на ученици од 5, 6, 7 и 8 одделение на три наставни јазици (македонски, албански и турски) во износ од 6.000 денари.

Општина Бутел инвестира во образованието како никогаш досега. Образованието е еден од важните фактори кои ја формираат личноста и кој има огромно влијае врз понатамошниот развој на секое дете, обезбедувајќи сигурна иднина на новите генерации. Доделувањето на стипендиите е уште еден чекор за поддршка на учениците и најголема потврда за нивната посветеност, труд и напорна работа во текот на целата година.

 

Одделение за координација на активностите на градоначалникот, информирање, комуникација со граѓани и протоколарни работи

Општина Бутел

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Општина Бутел

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан