• петок, 05 декември 2025

Доделени 14 решенија на наставници од четирите основни училишта на територијата на Општина Чаир

Доделени 14 решенија на наставници од четирите основни училишта на територијата на Општина Чаир

Скопје, 3 јуни 2025

Општина Чаир денес организираше свечена церемонија на која беа доделени 14 решенија на наставници од четири основни училишта на територијата на општината: „Јашар Беј Шкупи“, „Тефејјуз“, „Исмаил Ќемали“ и „Хасан Приштина“.

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, ја истакна важноста на овој чекор како дел од посветеноста на општината за поддршка на образованието преку конкретни одлуки кои носат сигурност и мотивација за наставниот кадар.

Преку овие решенија, Општина Чаир дополнително ја зацврстува улогата на наставниците како столб на образовниот систем и го потврдува заложбата за создавање поодржливи и подостоинствени услови во образованието.

 

Општина Чаир 

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото:Општина Чаир 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан