• вторник, 24 декември 2024

Доделени уверенијата за мандатите на 11 советници и новиот градоначалник на Пехчево

Доделени уверенијата за мандатите на 11 советници и новиот градоначалник на Пехчево
Пехчево, 5 ноември 2021 (МИА) - Општинската изборна комисија ги додели уверенија за мандатите на 11 советници и новиот градоначалник на Пехчево, Александар Китански. По тој повод претседателкатанна ОИК, Мануела Станоевска - Стоилковска, во своето обраќање на сите учесници во изборниот процес им честиташе за високата свест и достоинство кое го покажаа за време на Локалните избори 2021. - Најпрво би сакала на сите учесници во изборниот процес да ви честитам за високата свест и достоинство што го имавте во процесот на Локалните избори 2021. Во Пехчево, изборите беа фер и демократски, што е уште еден адут повеќе дека новиот лик на локалната власт во оваа општина е скроена по вољата на граѓаните. Во име на членовите на ОИК во Пехчево на сите Ви ја честитам победата и како граѓани на Пехчево очекуваме да ги остварите целите на оваа демократска придобивка да работите врз принципите на демократијата, во интерес на сите граѓани на Пехчево и ова наше гратче да го направите достојно место за живеење, односно да продолжите каде што застанаа вашите претходници. Ви посакувам успешна работа, рече Станоевска Стоилковска. [caption id="attachment_1634713" align="alignleft" width="768"]???????????????????????????????????? ????????????????????????????????????[/caption] Честитајки им го изборот на новите советници, новиот градоначалник на Александар Китански се заблагодари на поддршката од граѓаните. - Сакам да ја споделам со Вас мојата идеја за Пехчево да го направиме достојно место за живеење, а општината да биде општина на сите граѓани. Како советник во Советот на Општина Пехчево во претходниот четири годишен период во тек сум со сите активности и еве денеска свечено ветувам дека демократските принципи, грижата за секој граѓанин подеднакво ќе ја практикувам без никакви предрасуди, истакна Китански. Додаде дека ќе се залага Пехчево да биде општина која ќе претставува вистински сервис на граѓаните и каде што ќе се решаваат нивните проблеми. Свеченото примопредавање на градоначалничката функција, како што е најавено, ќе се реализира идниот понеделник. вс/цр

Остани поврзан