Доделени признанија на крводарители од општината Неготино
- Во пресрет на 17 Март - Денот на крводарителството и 77 години од Денот на формирањето на Црвениот крст, денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов, организираше свечен прием за крвода

Неготино, 16 март 2022 (МИА) - Во пресрет на 17 Март - Денот на крводарителството и 77 години од Денот на формирањето на Црвениот крст, денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов, организираше свечен прием за крводарители од Општината и раководството на Општинската организација на Црвен Крст.
- На средбата нагласив дека како градоначалник, чест и привилегија ми е да бидам во друштво на најхуманите жители на општината и дека важно за нас како општина е што крводарителството од година во година е сè позастапено, покажува забележителен прогрес и секоја година се натфрла годишниот план на предвидени крводарувања, факт кој го потврди и секретарот на Црвениот крст, Тошко Настов, рече градоначалникот, честитајќи го празникот на хуманоста.
На средбата повеќекратни крводарители добија признанија. За 25 крводарувања признание доби Васко Чолов, а за 50, Ќиро Ѓорѓиев. За 75 крводарувања признанија добија Диме Илиев и Атанас Атанасов, а за 100 реализирани крводарувања, признание доби Бранко Стојанов. свд/ар/
