Доделени наградите на победниците на креативниот конкурс „Што ме движи кога сè стои? “
- Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир вчера свечено ги додели наградите на победниците на креативниот конкурс „Што ме движи кога сè

Скопје, 13 мај 2021 (МИА) - Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир вчера свечено ги додели наградите на победниците на креативниот конкурс „Што ме движи кога сè стои? “ во просториите на Europe House, Скопје.
Креативниот конкурс за учениците од основните и средните училишта беше организиран од гимназијата „Алгоритам“ и Europe House, со поддршка од Делегацијата на Европска Унија.
-Учениците имаа можност креативно да се изразат во три категории: филм, литература и дигитална илустрација. Во текот на месец април пристигнаа преку 500 креативни дела, а селекцијата на најдобрите беше спроведена преку јавно гласање со над 100.000 посети на веб-страницата на Гимназија Алгоритам. Врз основа на јавното гласање, жири-комисијата селектираше 24 добитници на вредни награди во трите категории на креативно изразување и согласно возраста, се наведува во соопштението од гимназијата „Алгоритам“. дма/бак/