Доделена опрема за потребите на корисниците на социјални услуги во старскиот дом во Берово
- Општина Берово додели опрема за потребите на корисниците на социјални услуги во старскиот дом „Д-р Иван Влашки“. Опремата им ја додели градоначалникот Звонко Пекевски, по претходно донесена о

Берово, 31 август 2022 (МИА) – Општина Берово додели опрема за потребите на корисниците на социјални услуги во старскиот дом „Д-р Иван Влашки“. Опремата им ја додели градоначалникот Звонко Пекевски, по претходно донесена одлука на општинскиот Совет.
- Ги посетивме корисниците на социјални услуги и им доделивме опрема. Опремата е доделена со одлука на совет и едногласно е прифатена од страна на советниците во Советот на Општина Берово. Целта на оваа акција е да се поттикне хуманоста и емпатијата во локалната заедница, но и да се помогне онаму каде што е потребно, рече Пекевски
Додаде дека негова заложба и приоритет и понатаму остануваат најранливите категории на граѓани.
- Оваа категорија граѓани заслужуваат да имаат пристоен живот, заради што локалната самоуправа ќе продолжи и понатаму да работи на унапредување на социјалната заштита на локално ниво, додаде Пекевски.
Преку користење на различни општински алатки и организирање на хуманитарни активности, од Општината најавија дека ќе продолжат со ваквата поддршка на старскиот дом Д-р Иван Влашки. вс/ир