• среда, 25 декември 2024

Договор за соработка меѓу Министерството за култура и Асоцијација на архитекти

Договор за соработка меѓу Министерството за култура и Асоцијација на архитекти
Скопје, 12 април 2021 (МИА) - Министерството за култура и Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) денеска потпишаа меморандум за меѓусебна соработка, во областа на архитектурата и заштитата на недвижното културно наследство. Како што соопштија од ААМ, прва активност овозможена со потпишување на овој Меморандум за соработка е вклучувањето на тим професионални кадри, чија специјалност е заштита на објекти од културно наследство, во стручното тело при Министерството за поддршка на процесите на Охридскиот регион. Меморандумот предвидува соработка меѓу Министерството и архитектите во планирање проекти и активности поврзани со архитектурата во областа на заштитата на недвижното културно наследство. Исто така, и давање стручни мислења поврзани со архитектурата во проектите што Министерството ќе ги спроведува за заштитата на културното наследство.бт/са/

Остани поврзан