• понеделник, 23 декември 2024

Договорено да се распушти израелскиот Парламент, следат нови избори

Договорено да се распушти израелскиот Парламент, следат нови избори
Ерусалим, 20 јуни 2022 (МИА) - Израелскиот премиер Нафтали Бенет и министерот за надворешни работи Јаир Лапид се согласија да го распуштат парламентот, по што ќе следуваат нови избори, а во меѓувреме Лапид ќе биде вршител на должноста премиер, изјави израелски функционер. Како што пренесуваат израелските медиуми, Парламентот ќе гласа за распуштање следната недела, по што Лапид ќе стане премиер. Лапид и Бенет се очекува да и се обратат на јавноста. Тие формираа коалиција од идеолошки различни партии во јуни 2021 година по две години чести избори без изборен победник, со што заврши рекордното владеење на поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху. паг/    

Остани поврзан