• четврток, 26 декември 2024

Договорена соработка меѓу Општина Босилово и компанијата „Нула отпад“

Договорена соработка меѓу Општина Босилово и компанијата „Нула отпад“
Струмица, 17 август 2022 (МИА) - Општина Босилово и компанијата „Нула отпад“ договорија соработка за изградба на центар за селекција на електронски отпад, а ќе бидат реализирани и низа едукативно-превентивни активности за позитивните ефекти од селекцијата на отпадот. Како што информираше градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“ донираше приколица за трактор за Општината со носивост од четири тони. Манчев додаде дека во наредниот период ќе се реализираат и активности за подигање на електронски отпад од домаќинствата. рт/рп/

Остани поврзан