• среда, 27 ноември 2024

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот
Скопје, 30 јули 2020 (МИА) – Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени  17.319.800 лица. Од нив починале 672.760, а оздравеле10.793.424 лица. - Веќе трет ден во Грција е регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19, највисок во изминатиот период, јави дописничката на МИА од Атина. Според Националната организација за јавно здравје, во изминатите 24 часа, регистрирани се 65 нови случаи, од кои 17 се по направените тестови на влезните точки во земјата, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 4.401. Меѓу денешните се и 17 увезени случаи кај лица кои доброволно се тестирале, а 16 од нив се вработени на танкер што е закотвен во атинското пристаниште Пиреас.

- Во изминатите 24 часа во Косово се регистрирани рекордни 16 починати лица кај кои претходно било потврдено присуството на новиот коронавирус, со што бројката на жртви на епидемијата на Ковид-19 достигна до 212. Сите починати, според косовските здравствени власти, имале и други потешки здравствени тегоби, односно страдале од дијабетис, кардиоваскуларни и други хронични болести. Во текот на вчерашниот ден, официјално се евидентирани 258 новозаболени од Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени од појавата на епидемијата достигна до 8.104. Во истиот извештаен период се евидентирани и 196 излекувани, а вкупната бројка на лица кои претходно биле дијагностицирани како заразени и ја совладале болеста достигна до 4.463. Активни носители на вирусот во земјата се 3.429 лица. Вчера се извршени 480, а од почетокот на пандемијата, вкупно 36.050 тестирања.

- Од направените 507 тестови на сомнителни случаи, во последното деноноќие, во Албанија позитивни на Ковид-19 се 92 лица,од кои 49 се во Тирана. Во истовреме, битката со опасниот вирус ја загубиле четири лица на возраст од 31 до 85 години, додека, пак, оздравеле 53 лица. Од вкупно заразените 5.197, активни на болеста се 2.160, од нив хоспитализирани се 124, при што 25 се во тешка здравствена состојба. Вкупниот број на оздравени е 2.883, а на починати 154 лица.
- Во Бугарија во последните 24 часа се потврдени 284 нови случаи на коронавирус, врз основа на 6.395 тестирани примероци, што е за 34 повеќе од претходниот ден, соопшти Министерството за здравство. Вкупниот број заразени лица во таа земја се зголеми на 11.155, од кои 664 се медицински работници.  Претходниот ден починаа 13 лица, така што вкупниот број смртни случаи се искачи на 368. - Во Хрватска денеска беа потврдени 78 нови случаи на коронавирус од 1.448 тестирани, а три лица починаа. Бројот на активни случаи во Хрватска е вкупно 749, меѓу коина болничко лекување, од кои шестминса се на респиратор, соопшти Националниот кризен штаб. Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на заразен во Хрватска, досега се регистрирани вкупно 5.071 лица заразени со коронавирус, од кои 144 починале, а 4.178 се излекувани. Во моментов има 2.863 лица во самоизолација. - Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина од вирусот Ковид-19 се заразиле 305 лица, од кои 210 во Федерацијата на БиХ и 95 во Република Српска, на починале 12 лица, од кои четири во РС. Во Федерацијата биле тестирани 1.202 лица, додека 586 биле тестирани во РС, јавува Радио Сараево. Повеќето нови случаи во Федерацијата се во Сараево. Досега од коронавирусот во БиХ починале 324 лица, повеќе од 11.000 се заразени, а најмалку 5.560 се излекувани. - Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени 24 нови случаи на коронавирус, врз основа на 879 тестирани примероци, а починале уште две лица, според новите податоци на Владата. Хспитализирани се 22 лица, од кои пет се на интензивна нега, пренесува САТ. Од почетокот на епидемијата во таа земја, потврдени се 2.139 случаи на коронавирус, а 119 лица починале. - Во Словачка, во последните 24 часа се потврдени 20 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број заразени изнесува 2.265. Според податоците од веб-страницата на Националниот центар за информации за Ковид 19, излекувани се вкупно 1.675 лица. Досега се тестирани 257.535 лица, пренесува ТАСР. Бројот на починати е 28. - Бројот на нови случаи на коронавирус расте во Чешка, достигнувајќи 278 во последните 24 часа, втор најголем дневен пораст овој месец, а просечниот седумдневен беше 216, што е највисоко од 10 април. Од почетокот на епидемијата во март, во Чешка, која има население од 10,7 милиони, регистрирани се 16.093 случаи на коронавирус, а вкупниот број смртни случаи изнесува 374. Досега се излекувани 11.429 лица. Меѓу жариштата на новиот коронавирус во Чешка се источниот дел на земјата позната по рударската индустрија, како и главниот град Прага, каде во последните 24 часа е забележано рекордно дневно зголемување на бројот на заболени од Ковид-19, со 101 новозаразен. - Во последните 24 часа во Австрија се регистрирани 105 нови случаи на коронавирус. За споредба, вчера бројот на новозаразени изнесуваше 173. Бројот на хоспитализирани Ковид пациенти во моментот изнесува 105, од кои 18 се на интензивна нега. Бројот на активни пациенти во моментов е 1.543. Од почетокот на епидемијата во Австрија, на крајот на февруари, 20.898 лица се позитивни на тестовите за коронавирусот, од кои 18.628 се излекувани. - Во Украина е забележан рекорден скок на бројот на пациенти од почетокот на пандемијата во последните 24 часа - 1.197, со што вкупниот број заразени се зголеми на 68.794. Министерот за здравство на Украина, Максим Степанов рече дека во текот на претходниот ден во болница се примени уште 248 лица со Ковид-19, што е исто така рекорд за еден ден. Уште 23 лица починале како резултат на вирусот во Украина, вкупно 1.673 од почетокот на пандемијата, додека 38.154 пациенти се излекувани. - Во Русија во последното деноноќие се регистрирани уште 5.509 случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени достигна 834.499, соопшти денеска Кризниот центар за борба против коронавирус. Во изминатите 24 часа починале уште 129 лица, што е намалување во однос на претходниот ден, кога се евидентирани 169 починати. Досега починале вкупно 13.802 лица, пренесува ТАСС. - Во Иран во последните 24 часа се потврдени 2.621 нови случаи на инфекција со коронавирус, вкупно 301.530 од почетокот на пандемијата. Бројот на луѓе кои починале како резултат на Ковид-19 се зголеми за 226 на 16.569. Иранскиот претседател Хасан Рохани ги повика граѓаните да се придржуваат кон здравствените протоколи и да ги почитуваат мерките за физичка дистанца за време на претстојните исламски празници, откако здравствените власти соопштија дека има зголемување на бројот на заразени во светиот град Машад. - Во Хонг Конг потврдени се 149 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголемо дневно зголемување од почетокот на пандемијата. Во Хонг Конг досега од коронавирус се заразени повеќе од 3.000 луѓе, а 24 лица починале. - Во Јужноафриканската Република се евидентирани повеќе од половина од вкупниот број заразени со вирусот на африканскиот континент, кој надмина 471.000. Пријавени се повеќе од 891.000 случаи на коронавирус во 54 африкански земји. ЈАР е на петто место во светот по број на заразени, а вкупниот број починати изнесува 7.497 лица. - Втор ден по ред, Кина пријави повеќе од 100 нови случаи на коронавирус, повеќето од нив од провинцијата Ксинџијанг, која во последниве денови бележи голем пораст на бројот на новозаразени. Во последните 24 часа, потврдени се 105 нови случаи во Кина, од кои 96 се во Ксинџијанг. Властите во најголемиот град во покраината, Урумчи, затворија некои населби, го намалија капацитетот на јавниот превоз и наредија масовно тестирање. Во Кина се заразени 84.165 луѓе, а 4.634 починале од почетокот на епидемијата. - Во Јапонија се пријавени уште 1.264 случаи на коронавирус, што е најголемо дневно зголемување на бројот на заразени лица од почетокот на пандемијата, соопшти денеска Министерството за здравство на земјата. Исто така, ова е првпат Јапонија да регистрира повеќе од 1.000 заразени лица за еден ден, додека претходниот рекорден број случаи е регистриран во вторникот, кога се пријавени 981 случај, пренесува Си-Ен-Ен. Во моментов во Јапонија се потврдени 33.761 случаи на коронавирус, вклучувајќи и 1.017 смртни случаи. - Во Индија е потврдено рекордно дневно зголемување на бројот на заразени со коронавирус во последните 24 часа - 52.123, додека уште 775 лица починале како резултат на Ковид-19. Од почетокот на пандемијата во Индија се регистрирани 1.583.792 случаи на заразени, а 34.968 починати. Повеќе од милион луѓе во оваа земја досега се излекувале од вирусот. - Рекорден број нови случаи на коронавирус е регистриран во последните 24 часа и во Бразил - 70.074, но исто така и најголем број смртни случаи од оваа заразна болест - 1.595, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Досега, повеќе од 2,5 милиони луѓе се заразени во Бразил. Од почетокот на епидемијата починале 90.134 луѓе. - Црна рекорд е регистриран и во Калифорнија, каде во последните 24 часа починале 197 луѓе како последица на коронавирусот, најмногу во еден ден, соопшти Министерството за здравство. Претходниот најголем број жртви беше минатата недела - 159. Исто така се зголемува и бројот на новозаразени лица на дневна основа. Денеска се регистрирани 8.755 нови случаи или вкупно над 475.000 во Калифорнија - Австралија бележи најголем број смртни случаи во изминатите 24 часа од почетокот на епидемијата на коронавирусот и повеќе од 700 нови инфекции во државата Викторија, која е главното жариште во земјата во последните неколку недели. Најмалку 13 лица починале од коронавирус во Австралија во изминатиот ден, со што вкупниот број смртни случаи достигна 189, повеќе од половина од нив во Викторија. Во таа земја се потврдени 723 нови случаи, што претставува нов дневен рекорд. паг/        

Остани поврзан