• сабота, 23 ноември 2024

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот
Скопје, 27 август 2020 (МИА) – Според последните податоци, во светот од новиот коронавирусот до сега се заразиле вкупно 24.756.300 лица. Од нив починале 838.145, а оздравеле 17.187.337 луѓе. Софија - Вкупниот број потврдени случаи на Ковид-19 во Бугарија до денеска е 15.908, а во последните 24 часа се регистрирани 157 новозаразени. Вкупниот број на смртни случаи од последиците од коронавирусот е 594, од кои осум во последните 24 часа. Белград - Во Србија се потврдени 108 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа од 9.513 тестирани примероци, а две лица починаа. Според новите податоци на Министерството за здравство, на респиратор има 36 лица. Во Србија досега се заразени вкупно 31.207 лица, а 709 пациенти починале. Подгорица - Во изминатите 24 часа, 105 новозаразени и три смртни случаи се потврдени во Црна Гора, соопшти Институтот за јавно здравје. Вкупниот број смртни случаи поврзани со коронавирус од почетокот на јуни е 83, а од почетокот на годинава е 92. Љубљана - Во последните 24 часа, во Словенија беа потврдени 42 нови случаи на инфекција со коронавирус, девет повеќе од претходниот ден и нема нови смртни случаи, соопшти денеска словенечката Влада. Вкупниот број случаи на заразени од почетокот на епидемијата е 2.797, а во моментов активни се 428 случаи. Бројот на смртни случаи од последиците на Ковид-19 останува 133. Будимпешта - Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Унгарија е зголемен за 132, а вкупно се заразени 5.511 лица, објавено е утрово на официјалната веб-страница koronavirus.gov.hu. Бројот на починати остана непроменет - 614, а 3.759 лица закрепнаа од вирусот корона, пренесува агенцијата МТИ. Виена - Во Австрија во изминатите 24 часа се регистрирани 229 нови случаи на коронавирус. Во моментов во Австрија има 3.056 активни пациенти, од кои 146 се хоспитализирани, а 27 се на интензивна нега. Од почетокот на епидемијата 26.497 лица во Австрија се заразени со коронавирусот , а 22.594 се излекувани. Берлин - Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија се зголемил за 1.571 на 239.50, според денешните податоци на институтот „Роберт Кох“. Уште три лица починаа од вирусот, а вкупниот број на смртни случаи е 9.278. Рим - Во последните 24 часа во Италија се регистрирани 1.411 нови случаи на инфекција со коронавирусот, што го надмина црниот рекорд на нови случаи од почетокот на мај, соопшти италијанското Министерство за здравство. Од почетокот на пандемијата се заразени вкупно 263.949 луѓе, закрепнати се 206.554 и починати 35.463. Киев - Во Украина се потврдени рекордни 2.438 нови случаи на коронавирус, објавено е денеска во Киев. Најголем број новозаразени претходно биле регистрирани на 22 август, кога биле пријавени 2.328 новозаразени, пренесува агенцијата ТАСС. Вкупниот број на заразени достигна 114.497 лица. Уште 48 лица починаа во последните 24 часа, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 2.451. Москва - Во Русија во последните 24 часа, бројот на заразени со Ковид-19 се зголеми за 4.829 и изнесува 980.405, соопшти Рускиот кризен штаб. Како што објави ТАСС, регистрирани 110 нови смртни случаи, 11 помалку од претходниот ден, а вкупниот број пациенти кои починале од воирусот е 16.914. Техеран - Иранското Министерство за здравство соопшти дека во таа земја се потврдени 2.190 нови случаи на коронавируси уште 117 смртни случаи, објави државната новинска агенција ИРНА. Вкупниот број заразени достигна 367.796, а 21.137 луѓе починаа од почетокот на пандемијата. Иран е најпогодена земја на Блискиот исток од епидемијата на Ковид-19. Бразилија - Бразил регистрирал 44.235 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, а 984 лица починале, соопшти Министерството за здравство. Од почетокот на пандемијата во Бразил се заразени 3,76 милиони луѓе. Според Министерството, бројот на починати од вирусот се зголеми на 118.649. Вашингтон - Во Соединетите Американски Држави се потврдени 45.966 нови случаи на коронавирус, а уште 1.116 лица починале како резултат на таа инфекција, покажуваат податоците на универзитетот „Џон Хопкинс“. Вкупниот број на заразени е 5.867.785, а од почетокот на пандемијата од Ковид-19 починале 180.824 лица. Податоците вклучуваат случаи од сите 50 сојузни држави, округот Колумбија и други територии на САД, како и случаи на враќање во земјата, јавува Си-Ен-Ен. Лагос - Вкупниот број потврдени случаи на заразени со коронавирусот на африканскиот континент досега е 1.211.856, а откриени се 16.154 нови случаи во последните 48 часа, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Според регионалната канцеларија на СЗО, во последните 48 часа починале 599 пациенти, така што вкупниот број регистрирани смртни случаи изнесува 28.606. Џакарта - Индонезија регистрираше 3.003 нови случаи на коронавирус, што е рекорд по бројот на ново заразени. Според официјалните податоци, вкупниот број заразени достигна 165.887. Уште 105 лица починаа од коронавирус, а од почетокот на пандемијата, бројот на смртни случаи поврзани со Ковид-19 е 7.169. Пекинг - Девет нови случаи на Ковид-19 се потврдени во Кина, додека претходниот ден имаше осум, соопштија денеска здравствените власти. Сите девет случаи се од надвор, така што Кина веќе 12 дена нема заболени кои се локално пренесени. Во Кина досега се потврдени 85.013 случаи на Ковид-19, а починале 4.634 лица. паг/          

Остани поврзан