• среда, 27 ноември 2024

ДКСК оформила 65 предмети за повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата во врска со изборната кампања 2024

ДКСК оформила 65 предмети за повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата во врска со изборната кампања 2024

Скопје, 24 септември 2024 (МИА) – Во периодот на изборниот процес Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК) оформила вкупно 65 предмети, кои се резултат на пријави за сомневање за сторени повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата, предмети оформени по сопствена иницијатива на Комисијата, како и приговор поднесен од организатор на изборна кампања. 

Според посебните извештаи на Државната комисија за спречување на корупцијата, за утврдените состојби во финансирање на изборните кампањи за избор на претседател и за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2024 година, од вкупно 61 поднесени пријави од граѓани и институции, ДКСК има постапено по 53 предмети, за кои има донесено 45 одлуки од своја надлежност.

Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, во Собранието денеска изјави дека извештаите укажуваат на потребата од унапредување на системот за мониторинг и надзор на изборните кампањи.

- ДКСК препорачува воведување на нови механизми за следење на приходи и расходи, како и реорганизација на административните процеси. Овие два извештаи претставуваат значаен документ кој дава јасна слика за состојбата за финансирање на изборните програми и ја нагласува потребата од реформи и подобрувања кои ќе обезбедат фер и транспарентен изброен процес во иднина, посочи претседателката на ДКСК шри разлгедувањето на Посебен извештај на ДКСК  за утврдените состојби во финансирање на изборната кампања за Избор на Претседател на Република Северна Македонија 2024 година  на 15. собраниска седница. 

Од вкупно донесените одлуки, донесени се 30 одлуки за запирање, 15 одлуки за отфрлање, додека 8 предмети се затворени со заклучоци поради идентична или слична содржина. 

Во рамките на своите надлежности ДКСК има покренато шест иницијативи за поведување постапка за кривично гонење по предметите по кои има постапувано. 

Исто така, ДКСК има покренато 4 иницијативи пред надлежните органи за поведување на постапка за утврдување на одговорност на службени лица. 

Анализата на ДКСК покажува дека најголем дел од пријавените изборни нерегуларности, вкупно 58 проценти се однесуваат на прекршување на член 8-а став 1 алинеја 3 од Изборниот законик каде е уредено дека: „од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите, како и од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори па до завршување на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скопје не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи“.

Извештаите беа разгледани, а претресот беше завршен со прост преод.ар/лв/
Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан