• вторник, 24 декември 2024

Ди Марија херој за ПСЖ, парижаните се пласираа во финалето на ЛШ

Ди Марија херој за ПСЖ, парижаните се пласираа во финалето на ЛШ
Лисабон, 18 август 2020 (МИА) - Изненадувањата во Лигата на шампионите ќе завршат откако Пари Сен Жермен го совлада РБ Лајпциг со 3:0 на стадионот „Луж“ во Лисабон и стигна до финалето. Таму ќе се сретнат со победникот од натпреварот Баерн - Лион. Ова ќе биде прво учество на парижаните во битката за најпрестижниот трофеј во Европа и за разлика од 1995 година, кога во претходното полуфинале на турнирот загубија од Милан, овој пат беа покатегорични. Избраниците на Томас Тухел имаа сериозна предност до паузата, кога постигнаа два гола и тоа ги стави во одлична позиција. Потоа можеа да постигнат повеќе, а херој беше Анхел ди Марија со гол и 2 асистенции. Лајпциг имаше шанси, но така и не успеа да постигне гол. Сепак, Германците можат да си заминат сокренати глави по импресивниот настап во натпреварувањето оваа сезона.

Тагови

Остани поврзан