• среда, 25 декември 2024

Ди Марија за исклучувањето против Монца: Поразот е моја вина, се извинувам за несоодветната реакција

Ди Марија за исклучувањето против Монца: Поразот е моја вина, се извинувам за несоодветната реакција
Монца, 18 септември 2022 (МИА) - Анхел Ди Марија ја презема одговорноста за поразот на Јувентус од Монца на гостински терен. Торинскиот клуб денес загуби од Монца со 1:0 во натпреварот од 7. коло на италијанскиот шампионат. Во првото полувреме аргентинскиот фудбалер за врска доби директен црвен картон поради удирање противнички играч. - Сакам да им се извинам на сите за оваа неадекватна реакција на теренот. Тежок момент во првенството. Поради ова го загубиме мечот. Поразот е само моја вина. Навистина ми е жал. Јас сум професионалец, но и човек кој прави грешки и знае како да ги признае, напиша Ди Марија. Јувентус по седум кола има 10 бода и се наоѓа на 8. место во поредокот во Серија А. зс/

Остани поврзан