• петок, 22 ноември 2024

Дисциплинска постапка за полицискиот службеник за објави на ФБ за нападите на Хамас врз Израел

Дисциплинска постапка за полицискиот службеник за објави на ФБ за нападите на Хамас врз Израел

Скопје, 10 октомври 2023 (МИА) - Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи постапува по случајот со полицискиот службеник А.С. и неговите објави на социјалната мрежа Фејсбук во врска со нападите на Хамас врз Израел, информираа денеска од МВР.

Против него, најавија од МВР, ќе биде поведена дисциплинска постапка односно ќе следуваат соодветни санкции.

- Ставот на МВР и Владата е јасен и прецизен. Силно ги осудуваме нападите на групата Хамас врз Израел и се солидаризираме со израелскиот народ. Апелираме за решенија преку дијалог. На светот му е потребен мир, соопштија од МВР. цр/са/

Фото:МИА архива

Остани поврзан