• сабота, 06 декември 2025

Дискусија за Национална развојна стратегија со стопанските комори

Дискусија за Национална развојна стратегија со стопанските комори
Скопје, 25 октомври 2022 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржи визионерска работилница со претставници од бизнис секторот, која е дел од процесот за поддршка на развојот на Националната развојна стратегија на Северна Македонија за наредните 20 години.

Како што соопштија од УНДП, на работилницата најавено е видео обраќање на Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, а ќе говорат Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП и Дриљон Исени, извршен директор на Стопанската комора на северозападна Македонија и претседавач на Платформата за јавно-приватен дијалог.

Во дискусијата ќе учествуваат претставници од стопанските комори од државата. бт/нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан