• вторник, 24 декември 2024

Директор на Силверстоун: Ситуацијата во Австрија ќе биде клучна за британското гран-при

Директор на Силверстоун: Ситуацијата во Австрија ќе биде клучна за британското гран-при
Лондон, 16 април 2020 (МИА) - Спортскиот директор на Силверстон, Стјуарт Прингл, изјави дека ситуацијата со трката во Спилберг ќе биде пресудна за одлуката за одржување на британското гран-при, закажано за 19 јули. Во моментот, првата трка во сезоната е за Големата награда на Франција на 28 јуни, меѓутоа, одложувањето на овој настан е скоро невозможен поради новите ограничувања на надлежните за да се спречи ширењето на коронавирусот. Австрија, напротив, започна да го олабавува карантинот, што им дава надеж на навивачите за почетокот на сезоната 2020 година на 5 јули на „Ред Бул Ринг“. - Ако Формула 1 сака да ја користи нашата патека за повеќе од една трка, тогаш сигурен сум дека можеме да го организираме тоа. Сè уште сме отворени за какви било одлуки, иако тоа сигурно ќе биде тешко. Развојот на ситуацијата во Австрија ќе биде клучен за нас. Ова е прилично самостојно Гран-при, а земјата е пред остатокот на Европа во однос на олеснување на мерките за карантин. Покрај тоа, тие имаат можност да донесат одлука многу доцна, бидејќи тоа се пари на сопственикот на Ред Бул, Дитрих Матешиц кој има големо влијание во Ф-1. Но, затворените граници можат да станат камен на сопнување “, вели Прингл. Претходно Прингл изјави дека сака да одлучи за трката во Силверстоун до крајот на април. зс/

Остани поврзан