• сабота, 23 ноември 2024

Директор на болница во БиХ набавил очила за заварување, наместо заштитна опрема

Директор на болница во БиХ набавил очила за заварување, наместо заштитна опрема

Бања Лука, 19 јули 2022 (МИА) - Директор на болница во Босна и Херцеговина е осуден на 10 месеци затвор бидејќи за време на пандемијата на коронавирус набавил несоодветна заштитна опрема за медицинскиот персонал, купувајќи им очила за заштита од заварување наместо наменети за контакт со заразени пациенти.

Општинскиот суд во Добој го осуди директорот на тамошната болница, Младен Гајиќ на десет месеци затвор, со процена дека тоа е соодветна санкција со оглед на тоа што претходно не бил казнет, ​​а во текот на судењето вратил нешто повеќе од 40 илјади евра за штетата што ја нанел на градскиот буџет. Тој самиот ја призна вината и е осуден за несовесно работење, а делот од обвинението во којшто се товари за корупција, е отфрлен.

Обвинението е покренато откако се покажа дека Гајиќ склучил договор за набавка на заштитна опрема за болницата, како и за домот за стари лица (патем, наречен „Патување за забава“), и покрај тоа што воопшто не била регистрирана за тргување со медицинска опрема. Станува збор за патничка агенција од Бања Лука.

Договорот вредел нешто помалку од 140 илјади конвертибилни марки или околу 70 илјади евра.

Наместо заштитни одела, во болницата биле доставени костими без декларација, а наместо професионални заштитни очила пристигнале очила за заварување. Сѐ тоа е купено по  цена под 30 илјади евра.

Уапсен е и директорот на агенцијата, Саша Марковиќ, како и директорот на Институтот за јавно здравје на Република Српска, Бранислав Жељковиќ. си/

Остани поврзан