Директорот на Фронтекс во посета на бугарско-турската граница
- Извршниот директор на Фронтекс, Фабрис Лежери ја посети бугарско-турската граница заедно со раководството на Граничната полиција и главниот секретар на бугарското Министерство за внатрешни р

Софија, 15 септември 2021 (МИА) - Извршниот директор на Фронтекс, Фабрис Лежери ја посети бугарско-турската граница заедно со раководството на Граничната полиција и главниот секретар на бугарското Министерство за внатрешни работи Петар Тодоров за да ја проценат подготвеноста за справување со миграцискиот притисок, јави дописникот на МИА од Софија.
Европската агенција за гранична и крајбрежна стража оцени дека властите во Бугарија се справуваат со заштитата на бугарско-турската граница.
Според генералниот секретар на бугарското МВР, во моментов нема потреба да се користи армијата за безбедност на границата со Турција, но ситуацијата останува напната. Затоа, како што рече, таму се испратени вработени во МВР од внатрешноста на Бугарија.