• среда, 27 ноември 2024

Директорот на „Лукоил“, Маганов им подлегна на повредите

Директорот на „Лукоил“, Маганов им подлегна на повредите
Москва, 1 септември 2022 (МИА) - Шефот на вториот по големина руски производител на нафта „Лукоил“, Равил Маганов им подлегна на повредите откако наводно паднал од прозорец во болница, додека од корпорацијата засега нема одговор во врска со случајот. „Во Москва е пронајдено телото на потпретседателот на компанијата за нафта „Лукоил“, Равил Маганов. Тeлото е пронајдено близу Централната клиничка болница на улицата Маршала Тимошенко. Бизнисменот пристигна во медицинската установа пред смртта. Телото е пронајдено од страна на болничкиот персонал“, пишува рускиот весник „Правда“. Во соопштение на рускиот производител на нафта, објавено во март на официјалната страница на „Лукоил“, се наведува дека се загрижени поради трагичните настани во Украина и како поддржуваат преговори со цел да се стави крај на конфликтот. Надзорниот одбор на компанијата повика на моментален прекин на огнот. Маганов работеше во „Лукоил“ од 1993 година, набргу по основањето на компанијата. Тој ги надгледуваше нејзините преработка, производство, истражување. Тој ја зазеде директорската функција на „Лукоил“ во 2020 година. Неговиот брат Наил Маганов е на чело на рускиот производител на нафта „Татнефт“. Маганов беше близок соработник на еден од основачите на „Лукоил“, Вагит Алекперов, поранешен заменик на советскиот министер за нафта. Алекперов поднесе оставка на претседателската функција на „Лукоил“ во април, околу една недела откако Велика Британија му го замрзна имотот и му наметна забрана за патување, како дел од санкциите против Русија. бд/ми/

Остани поврзан