Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Димовски ја посети компанијата Пурпласт во индустриската зона Скопје 2
- Директорот за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски денеска го посети производствениот погон на турската компанија Пурпласт која се наоѓа во ТИРЗ Скопје 2. Во рамки на посетата беше реализиран и координативен состанок на кој се разговараше за досегашните резултати на оваа компанија, предизвиците со кои се сочуваат, како и можностите и идните планови.
Скопје, 14 август 2025 (МИА) - Директорот за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски денеска го посети производствениот погон на турската компанија Пурпласт која се наоѓа во ТИРЗ Скопје 2. Во рамки на посетата беше реализиран и координативен состанок на кој се разговараше за досегашните резултати на оваа компанија, предизвиците со кои се сочуваат, како и можностите и идните планови.
Како што соопштија од Дирекцијата, согласно концептот на работа кој се спроведува повеќе од една година, директорот Димовски нагласи дека ваквите посети се од особена важност за сите засегнати страни, при што се гради транспарентен и стабилен однос кој овозможува долгорочна соработка и заеднички успех.

-Нашата цел како државна институција е да обезбедиме поволни услови за развојот на нови инвестиции, создавајќи растечка економија и доверба меѓу институциите и инвеститорите што е клучен предуслов за реализација на нови проекти и проширување на постојните капацитети, истакна Димовски.
Од страна на менаџментот, се посочува, беше изразена особена благодарност за досегашната отворена и транспарентна соработка. Од нивна страна беа презентирани досегашните резултати, како и идните планови за потенцијално проширување на инвестицијата, земајќи предвид дека фабриката во ТИРЗ Скопје 2 е главен логистички центар за цела Европа.

Пурпласт е компанија која своите производи ги извезува во над 30 земји, а соработува со светски познати компании како Мерцедес, Волво, Сканија, БМВ, Магна и се разбира Ван Хол. вг/вј/
Фото: Дирекција за технолошки индустриски развојни зони