• понеделник, 23 декември 2024

Директорот на ВТА категорично против суспензија на тенисерки Русија

Директорот на ВТА категорично против суспензија на тенисерки Русија
Мајами, 16 март 2022 (МИА) – Извршниот директор на асоцијацијата на професионални тенисерки (ВТА) Стив Сајмон се противи на можното отстранување на Русинките од натпреварите.  - Никогаш не се знае што ќе се случи во иднина. Но, можам со сигурност да кажам дека никогаш не сме им забраниле на спортистите да учествуваат на турнири поради политичкиот став што го зазеде нивната влада. За да се промени ова, мора да се случи нешто многу, многу важно. Но, повторно, не знаеме како ќе се развиваат настаните. Ако секоја земја почне да забранува влез на руски играчи, ВТА нема да може да промени ништо. Уште еднаш потенцирам дека сум категорично против тоа поединечни спортисти да се казнуваат за постапките на владата на нивната земја. Се надеваме дека земјите сепак ќе се воздржат од таква одлука, бидејќи ќе бидат проследени со многу други проблеми, истакна Сајмон.  Поради случувањата во Украина на руските екипи и репрезентации во повеќе спортови им е забрането учество во меѓународни натпревари. Тенисерите се редок исклучок. зс/

Остани поврзан