• понеделник, 16 декември 2024

Директори на најголеми германски компании ќе го придружуваат Шолц за време на неговата посета на Кина

Директори на најголеми германски компании ќе го придружуваат Шолц за време на неговата посета на Кина

Берлин, 4 април 2024 (МИА) - Директори на некои од најголемите германски компании ќе го придружуваат германскиот канцелар Олаф Шолц за време на неговата посета на Кина кон крајот на месецов, јавија светските агенции.

Ова се толкува како знак за континуираната зависност на Германија од производството во азиската земја и покрај обидите постепено да се оддалечи.

Меѓу врвните менаџери вклучени во делегацијата се имињата на главниот извршен директор на „Сименс“ и претседателот на Азиско-пацифичката комисија на германскиот бизнис, Роланд Буш, главниот извршен директор на „Мерцедес-Бенц“, Ола Калениус, на шефот на БМВ, Оливер Ципсе и на шефот на „Тисенкруп“, Мигел Лопес.

Шолц ќе престојува во прва посета на Пекинг, откако минатото лето Берлин претстави стратегија за намалување на ризиците од економскиот ангажман со азиската економска велесила. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан