Диреккторот на АД ЕСМ Ковачевски на средба со делегација од енергетскиот сектор на Словачка
- Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, денеска присуствуваше на работен ручек со седумчлената делегација од енергетскиот сектор на Словачка, која е дел од делегацијата предводена о

Скопје, 7 септември 2022 (МИА) - Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, денеска присуствуваше на работен ручек со седумчлената делегација од енергетскиот сектор на Словачка, која е дел од делегацијата предводена од претседателката на Словачка Зузана Чапутова во посета на Република Северна Македонија.
Како што соопштија од АД ЕСМ, на средбата која е на покана на словачкиот амбасадот во Северна Македонија, биле разменети искуства од справувањето со енергетската криза, како и инвестициите и развојот на енергетскиот сектор.
Претседателот Стево Пендаровски денеска е домаќин на претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова, која ќе престојува во официјална дводневна посета на земјава. Чапутова се сретна и со премиерот Димитар Ковачевски. вг/са/