• сабота, 21 декември 2024

Динг Лирен израмни во мечот за светската титула против Гукеш

Динг Лирен израмни во мечот за светската титула против Гукеш

Сингапур, 9 декември 2024 (МИА) - Актуелниот светски шампион, Кинезот Динг Лирен, со бели фигури го победи индискиот претставник Гукеш Домараџу во 12. партија од мечот за светската шаховска круна.

Натпреварот кој се одигра денес заврши во 39 потези.

Вкупниот резултат сега е 6:6. Следниот натпревар ќе се одигра во среда.

Натпреварот ќе трае до 13 декември. Противниците ќе одиграат 14 меча, во случај на нерешено, ќе се одржи тај-брејк.

Динг Лирен ја брани светската титула. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан