• сабота, 23 ноември 2024

Димковски: Се разбудија заспаните ќелии на партизираната администрација што ја имаше ВМРО-ДПМНЕ

Димковски: Се разбудија заспаните ќелии на партизираната администрација што ја имаше ВМРО-ДПМНЕ
Кочани, 17 јануари 2020 (МИА) – Министерот за земјоделство Трајан Димковски смета дека постапките на заменскиот министер  Цветан Трипуновски и другите членови во техничката Влада се со единствена намера да се предизвикуваат штетни последици, без да ги интересира предизборниот процес. - Многу бргу заспаните партиски ќелии во администрација што ги имаше ВМРО-ДПМНЕ за 11 години се разбудија. Се вадат документи без да се каже како е дојдено до нив, токму заменскиот министер оди по институции и се бараат луѓе на кои не им се исплатени субвенции од 2015 и 2016 година, во време кога тие можеа многу бргу да го решат сето тоа. Се злоупотребуваат поединци на кои им се ветува дека таа работа може лесно да се заврши. Тие избегаа од матрицата, односно од следењето дали има одредени неправилности во спроведувањето на изборниот процес, сето тоа го занемарија и се одлучија за притисок врз институциите. Сето тоа оди само на штета на самите земјоделци и на земјоделството, а воопшто не ги интересира изборниот процес. Се мавта со одредени документи без да се проверат и се гледаат делови во кои може само да се наштети, со цел да прикажат дека немаме постигнато резултати. Исплатата на субвенциите и другите мерки што ги имаме предвидено со програмите ќе продолжат и земјоделците ќе немаат никакви последици поради изборниот период, односно колку и да сакаат да ги заплашат дека ќе се случуваат одредени промени, се лажат самите себе, истакна министерот Димковски. За мини протестот на овоштарите од Делчевско и од Малешевијата, Димковски рече дека нема информација за кој период се бара исплата на отштетата за измрзнување на овошките. - Ако се работи за 2016 година, тоа е отворено прашање затоа што тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ направила упад во системот со една уредба со која наместо да се постапува според Законот за заштита и спасување, односно проценката на штетите да ја прават комисии организирани од локалната самоуправа, целата документација била доставена до Министерството за земјоделство, а ние работиме според Законот за земјоделство и рурален развој, што значи дека тоа се два различни закони. Сега се оградуваат од упадот што го направија, а очекуваме дека таа работа ние брзо ќе ја завршиме, затоа што со процесот и документите што сега се кај нас не можеме да постапиме и да продолжиме. Процесот го гледаме во измени и дополнувања на Законот за заштита и спасување што е единствен начин да се откочи целата работа. Инаку,  за штетите што настанаа во 2017 година, што ние ги работевме според Законот за земјоделство и рурален развој, процесот го завршен, истакна Димковски. та/ир      

Остани поврзан