• сабота, 23 ноември 2024

Димковски: Државата ќе ги поттикнува локалните фирми во преработката на производи од животинско и неживотинско потекло

Димковски: Државата ќе ги поттикнува локалните фирми во преработката на производи од животинско и неживотинско потекло
Берово, 20 август 2022 (МИА) - Државата ќе ги поттикнува локалните фирми во преработката на производи од животинско и неживотинско потекло за кои ќе бидат овозможени грантови во висина од 10 илјади евра. Средствата преку програма која ќе биде објавена наскоро, како што истакна Државниот секретар при Министерството за земјоделство Трајан Димковски во рамки на манифестацијата Форест Фест 2022 ќе се исплаќаат преку Платежната агенција, а единствен услов е да бидат регистрирани во Агенцијата за храна и ветеринарство. - За брзо време ќе објавиме нова програма која ќе се однесува на преработка на производи од животинско и неживотинско потекло, а тоа значи продажба на праг. Целта на програмата е малите фирми да можат производите да ги продадат во мали маркети, ресторани и слично. Сите сакаме да пробаме локална храна и производи и трендот е во таа насока. Да напоменам дека тие програми се преку грантови од 10 илјади евра кои се исплаќаат преку Платежната агенција. Единствен услов е да со минимум стандарди, производителите да можат да ги опслужуваат и гарантираат за безбедност за храна, рече Димковски за време на учеството на фестивалот Форест Фест кој во изминатите два дена се одржува во Едукативниот центар во пехчевското село Негрево. Преку ваквите мерки на Националната програма, како што додаде целта е да се поттикне 100 мали фирми и нивното локално производство. Воедно дополни дека Министерството ќе продолжи со поддршката на манифестациите како Форест Фест, кои годишно добиваат поддршка од државата во висина од околу 120 илјади денари. Во рамки на манифестацијата Форест Фест која викендов се одржува во организација на Националното здружение на сопственици на приватни шуми се одржаа серија работилници за заштита на шумите од пожари, а како дел од настанот денес се реализираше велосипедска тура до врвот Ченгино Кале, преку изворот на река Брегалница, како и еднодневна планинарска тура до месноста „Џоловето“ над Пехчево. вс/сх/

Остани поврзан