• вторник, 24 декември 2024

Димитров од Јегуновце: Нашата Македонија решила да оди напред, шансата е пред нас и треба да се завери на 15 јули

Димитров од Јегуновце: Нашата Македонија решила да оди напред, шансата е пред нас и треба да се завери на 15 јули

Тетово, 11 јули 2020 (МИА) - Граѓанска трибина на коалицијата „Можеме“ вечерва се одржа во тетовско Јегуновце на која пред жителите се обратија носителот на листа во ИЕ 1, Никола Димитров како и Фаница Николоска, кандидат за пратеник и носител од редовите на СДСМ во ИЕ6.

-Мора да престанеме да бидеме жртва мора да бидеме победници, ниe не сме ништо понеспособни. Една сила е одлучна да оди напред. Нашата Македонија решила да оди напред, и дека нема да оди назад. Запознав многу успешни луѓе со моите патувања, има луѓе успешни, само систем ни треба. Или ќе ја донесеме ЕУ дома или сите ќе ни отидат во ЕУ. Ако сакаме ЕУ живот дома патот е да одиме до пристапните фондови. Сигурно е дека ЕУ ќе ни помогне со нивните фондови, но од нас зависи, ако не чини ќе не опоменат. Шансата е пред нас и треба да се завери на 15 јули, истакна Никола Димитров.

Според Димитров граѓаните на 15 јули имаат две опции да изберат.

-Планот наш е да го погледнме проблемот во очи и да преземе одговоррност како што направивм со влезот во НАТО. Од другата страана нема ниту план за државата ниту за граѓаните. Имаат план само како да обноват она што го правеа порано, да има заробена држава. Така беше овие три години, тие влечат назад, ние се обидуваме за напред, истакна Димитров.

Фаница Николоска истакна дека при посетата на голем број места во ИЕ6 и покрај забелешките смета дека СДСМ и коалицијата ќе има победничка поддршка. -Тоа е затоа што во изминативе три години се носеа државнички и тешки одлуки. Тоа е затоа што покажавме дека можеме домаќински да трошиме пари за училишта и патишта наместо за стиропор и барок. Гласот за бројот 3 на гласачкото листе е глас за иднината,влеговме во НАТО, сега влегуваме во ЕУ. Гласот за СДСМ е за повисоки плати и пензии, подобар социјален систем додека од другата страна имаме понуда само за обнова на режимот, истакна Николоска.

Пред присутните на трибината зборуваше и кандидатаката за пратеник од Јегуновце, Бети Мишковска. ас/бк/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан