• недела, 22 декември 2024

Димитриеска Кочоска: Нашите кандидати се сервис на граѓаните, а не гласачка машинерија во Советот

Димитриеска Кочоска: Нашите кандидати се сервис на граѓаните, а не гласачка машинерија во Советот
Тетово, 3 август 2022 (МИА) - Потпретседателката на ВМРО ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска денеска им се придружи на кандидатите за советници во Тетово на средбите со граѓаните во рамки на кампањата за вонредните избори за членови на Советот на општината на 20 август. Таа им порача на жителите на Тетово да го дадат гласот за советниците кои ги предводи носителот Ангел Карапетров. -Во претходниве години Тетово беше под контрола на коалицијата СДСМ и ДУИ и за жал стана место каде царуваат корупцијата и криминалот, каде што одреден мал број луѓе блиски до власта од ден на ден го зголемуваат своето богатсво и на уште поголемо разочарување, повторно зборувам за проблемите со недоволно вода за пиење, за загадувањето во Тетово,за катастрофалната патна инфраструктура која го враќа Тетово во 19 век и од таа причина се промени потребни тука, истакна Димитриеска Кочоска. Според неа, на изборите на 20 август ВМРО - ДПМНЕ ќе освои убедлива победа во Тетово зашто кандидатите од оваа партија се сервис на граѓаните, а не гласачка машинерија во Советот. На новинарско прашање дека ВМРО ДПМНЕ е оцената како анти-ЕУ партија, таа истакна дека неуспешни се сите обиди на СДСМ за лошите состојби во државата да ја обвини нејзината партија. -Знаеме дека од почеток на преговарање на СДСМ за распродажба на националните интереси тие имаа поставено две цели. Првата цел беше да ја обвинат ЕУ за се лошо што се случи во државата и втората,0 да инфилтрираат нивни структури во опозоцијата кои постојано ќе коментираат дека опозицијата е премногу блага, недоволно се бори за националните интереси. Но, ниту едната ниту друга цел им успеа. ВМРО ДПМНЕ е проевропска партија, која од самите зачетоци зборува дека патот на Македониај е во ЕУ и за тоа во континуитет се бори и го прави. ВМРО ДПМНЕ е за влез во ЕУ достоиствено, а не со понижувања и единствениот излез за тоа е преку референдумот кој го бараме од кој очајно бегаат, изјави Гордана Димитриеска Кочоска. Таа оцени и дека економската состојба не била никогаш полоша. - Состојбата не е подобра дури и од времето на транзицијата, рече Димитриеска Кочоска. ас/мч/

Остани поврзан