• петок, 20 декември 2024

Димитриеска Кочоска: Во недостаток на понуда, Пендаровски шири лаги, го демантирам и тврдам дека сметката на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била блокирана

Димитриеска Кочоска: Во недостаток на понуда, Пендаровски шири лаги, го демантирам и тврдам дека сметката на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била блокирана

Скопје, 20 април 2024

 

Стево Пендаровски во оваа кампања ништо не кажа за ДУИ, Ахмети и артаноидниот режим кој го создадоа и го потхрануваат. Во замена за понуда, нудат лаги како оваа... па така, чувствувам обврска да демантирам дека сметката на ВМРО-ДПМНЕ е блокирана.

Сметката на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била блокирана од СЈО, ниту пак сега е блокирана како што тврди тој!

ВМРО-ДПМНЕ со новата гарнитура политичари има позитивни ревизорски извештаи за избори, особено за изборите во 2020 година кога ниту една друга политичка партија немаше.

Му препорачувам на Стево Пендаровски да си го погледне финансискиот извештај за кампањата во 2024 година каде како донации нема пријавено ништо и веднаш да одговори како ја финансира својата кампања.

На крај, колку повеќе лажат, толку подебело ќе загубат. Го советувам Стево да излезе од скутот на ДУИ и ДА СЕ ИЗВИНИ ЗА ОВАА ЛАГА!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ: 

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан