Димитриеска-Кочоска: Во времето на претходната власт просечниот раст на БДП беше 1,9 отсто, а во десетте години на ВМРО-ДПМНЕ 3,2 отсто
- Со промената на власта се подобри и економијата - во првите два квартала од 2024 просечниот раст на БДП беше 2,3 отсто, а во следните два кваратала 3,6 проценти. Македонските компании функционираат во услови на глобална неизвеснот која во речиси сите европски земји создава надолни резултати кога станува збор за БДП. Имаме и економски партнери што влегуваат во минус, а нашата економија покажа дека е стабилна и многу отпорна, жилава на глобалните предизвици, истакна министерката.
Скопје, 6 март 2026 (МИА) - Со промената на власта се подобри и економијата - во првите два квартала од 2024 просечниот раст на БДП беше 2,3 отсто, а во следните два кваратала 3,6 проценти. Не случајно го кажувам ова. Ние во последниот квартал имавме раст од 3,8 отсто, односно два квартала по ред 3,8 отсто, што покажува дека со промената на власта економијата очекува позитивни сигнали од Владата. Тоа се потврдува во овие повеќе од година и половина со фактот дека последниот квартал имаме 3,8 отсто раст, што е повеќе од просечниот раст што сме го имале во првите два квартала од промената на власта, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на панелот „Раст на економијата - економска сигурност на граѓаните“ што се одржува во Владата.
Димитриеска-Кочоска напомена дека за целиот период на претходната власт просечниот раст на БДП беше 1,9 отсто, а во десетте години владеење на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше 3,2 отсто.
-Македонските компании функционираат во услови на глобална неизвеснот која во речиси сите европски земји создава надолни резултати кога станува збор за БДП. Имаме и економски партнери што влегуваат во минус, а нашата економија покажа дека е стабилна и многу отпорна, жилава на глобалните предизвици, оцени министерката.
Според неа, клучот што ги промени економнските текови и ги подобри резултатите е унгарската кредитна линија што ја зема Владата.
- Бројките зборуваат дека унгарската линија е земена во прав момент. Приватниот сектор доби кредити по многу поволни услови, 224 милиони евра се комплетно повлечени и тоа е она што е инвестирано , тие инвестиции успеаја да ја оджрат економијата и да додадат вредност со што ги остваруваме стапките на раст. Вториот клулен момент со промената на власта е тоа што во континуитет корпоративните кредити бележат раст од 15 отсто, потенцира Димитриеска-Кочоска.
На панел дискусијата учестуваат и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, како и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. мч/са/
фото: принтскрин