• вторник, 19 ноември 2024

Димитриевски: „За наше Куманово“ се бори со сите, граѓаните се на наша страна

Димитриевски: „За наше Куманово“ се бори со сите, граѓаните се на наша страна
Скопје, 27 октомври 2021 (МИА) - Независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово Максим Димитриевски им се заблагодари на сите кумановци за поддршката во првиот круг од локалните избори. Тој рече дека локалните избори биле борба на Давид против Голијат и дека во Куманово борбата се води со сите политички субјекти. Според него, граѓанскиот концепт „За наше Куманово“ е препознаен од сите граѓани граѓани, а програмата е базирана на реални проекти. -Како кандидат на СДСМ пред неполни години добив 27 илјади гласови. Каде се сега гласовите на СДСМ сега и на вас како кандидат бидејќи имате некаде околу 7000 гласа и дополнително гласови на ДУИ и останатите коалициони партнери. Дали си поставивте прашање и направивте анализа каде и на кое дереџе вие како кандидат го доведовте СДСМ? Политички договор е повеќе од јасно дека никогаш немало, затоа што доколку имаше политички договор ВМРО-ДПМНЕ ќе немаше кандидат и ќе инкасиравме гласови уште во првиот круг. Тоа се само претпоставки и шпекулации во јавноста, рече во дебата на ТВ 21 Димитриевски. Според него, шпекулации се и информациите што излегле во јавноста дека ќе бркал луѓе од работа. -Ниту сум избркал некого досега од работа, ниту пак ќе дозволам некој да биде променет од својата позиција поради сопственото лично убедување на кого дава поддршка, потенцираше Димитриевски. сст/дма/

Остани поврзан