Димитриевска: Недостатокот на јавни обвинители речиси во сите јавни обвинителства е сериозен проблем
- Недостатокот на јавни обвинители речиси во сите јавни обвинителства во нашата држава е сериозен проблем, вели претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриевска, посочувајќи дека тоа влијае не само на квалитетот на истрагите, туку и на ефикасноста на самите постапки. За пополнување на основните јавни обвинителства единствениот законски услов, нагласи Димитриевски, е само со завршена Академија за судии и јавни обвинители.

Скопје, 6 февруари 2025 (МИА) – Недостатокот на јавни обвинители речиси во сите јавни обвинителства во нашата држава е сериозен проблем, вели претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриевска, посочувајќи дека тоа влијае не само на квалитетот на истрагите, туку и на ефикасноста на самите постапки.
За пополнување на основните јавни обвинителства единствениот законски услов, нагласи Димитриевски, е само со завршена Академија за судии и јавни обвинители.
- Самиот недостаток на јавни обвинители влијае не само на квалитетот на истрагите, туку и на ефикасноста на самите постапки, а со тоа секако придонесува да има незадоволство од страна на одредени странки и во ефикасноста на постапувањето која се должи пред се на објективни причини, изјави Димитриевска, одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на денешната седница.
Советот на јавни обвинители денеска објави оглас за избор на 47 нови јавни обвинители, од осмата генерација на Академијата на судии и јавни обвинители.
- Приоритетите ни се да ги пополниме местата сепак зависи од самите кандидати коишто треба да се јават на огласот, изјави Димитриевска.
Моментално недостигаат 97 јавни обвинители, а пополнети се нешто помалку од две третини или само 164 од вкупно 261 предвидените по систематизација јавно обвинителски места на ниво на државата. аа/са/
Фото: МИА