• недела, 15 март 2026

Димитриева: Повторно во функција системот за осветлување на железничката во Демир Капија 

Димитриева: Повторно во функција системот за осветлување на железничката во Демир Капија 

Демир Капија, 11 март 2026 (МИА) -  Повторно е во функција системот за осветлување на железничката во Демир Капија, информираше денеска градоначалничката Наталија Димитриева.  

- Општина Демир Капија, во соработка со ЈП Железници, реализираше активности за повторно ставање во функција на системот за осветлување на просторот на железничката станица во Демир Капија. Со спроведените активности обезбедено е повторно функционирање на осветлувањето на просторот околу железничката станица, што се наоѓа во централното градско подрачје. Со тоа се подобрува безбедноста, прегледноста и условите за движење на граѓаните и патниците кои ја користат железничката инфраструктура, појасни таа. 

Притоа подвлече дека Општина Демир Капија и во иднина ќе продолжи со активности насочени кон подобрување на јавната инфраструктура и унапредување на условите за живот на граѓаните. свд/


Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан