• сабота, 23 ноември 2024

Димитар Пандев потпиша за МЗТ Скопје

Димитар Пандев потпиша за МЗТ Скопје
Скопје, 4 септември 2022 (МИА) - Новопечениот македонски кошаркарски репрезентативец, Димитар Пандев, е најновото засилување за МЗТ Скопје Аеродром, кое ќе ја зголеми конкуренцијата во борбата под кошевите. - Ова ќе биде прв настап на одличниот крилен центар за клуб од Македонија на сениорско ниво, со оглед што поголемиот дел од досегашната кариера ја мина во странство, најмногу во САД. Пандев четири години беше дел од НЦАА-лигата каде што го носеше дресот на универзитетите Солт Лејк, Кларендон и за Универзитет Индијана-Пердју универзитет Индијана (УИПУИ). Со својата висина и корпулентност ќе донесе цврстина во центарската линија на МЗТ Скопје во претстојната сезона, во која освен атакот на двојната домашна круна, по четири годишно отсуство нѐ очекува и настап во АБА-лигата, соопшти тимот од Аеродром. Пандев е тринаесетиот кошаркар кој тренерот Александар Петровиќ ќе го има на располагање за новата сезона. Тука се уште Американците Бре Ајви, Еван Максвел и Мајк Кафи, Србинот Страхиња Миќовиќ, Турчинот Самит Јигитоглу како и македонските репрезентативци Дамјан и Војдан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев, Андреј Магдевски и Анреј Андоноски. Со првиот тим напорно работат и младинците Димитар Иванов, Марко Спасовски, Бојан Величковски и Виктор Стојковски. МЗТ Скопје утре во Солун против Арис ќе го одигра првиот пријателски меч. Средба ќе биде од затворен тип. зс/

Остани поврзан