• понеделник, 16 декември 2024

ДИК предлага преодна одредба во Изборниот законик - да се гласа и со пасошите „Република Македонија“ ако имаат валиден датум

ДИК предлага преодна одредба во Изборниот законик - да се гласа и со пасошите „Република Македонија“ ако имаат валиден датум

Скопје, 23 февруари 2024 (МИА) - Во Изборниот законик да се стави преодна одредба според која, на претстојните избори, и во земјава и во странство, ќе може да се гласа со пасошите на кои пишува „Република Македонија“ доколку имаат важечки датум, предлага Државната изборна комисија.

Како што рече вечерва претседателот на ДИК Александар Даштевски, при гласањето на претстојните избори граѓаните ќе може да се идентификуваат со еден отпечаток од прст. Ќе може и да се одберат опции од типот: „гласам“, „не гласам“, „не сакам/сакам да добијам две ливчиња“.

-Има еден член што се однесува на личните документи, за пасошите. Предлагаме пасошите на кои пишува „Република Македонија“, ако се важечки, да важат за гласање и тоа да се стави во Изборниот законик како преодна одредба која ќе важи само за овие избори. Од ова мислам дека нема поидеално решение. Веќе го сменивме Законот за лични карти и тие важат, но многу луѓе немаат и лични карти, па ако важат пасошите, еден документ ќе имаат зашто тоа се реално важечки документи, издавани од нашите надлежни органи, објасни Даштевски во гостување на „Топ тема“. 

Во тек се, ифнормира, обуките на обучувачите, а потоа следуваат и обуките на општинските изборни комисии и избирачките одбори.

-Сите дејства што беа предвидени за одржување на двојните избори одат во најдобар ред, сите рокови се запазени. Сметам дека изборите ќе биде фер, слободни и демократски, истакна Даштевски. мч/аа/

фото: МИА архива и принт скрин

 

 

 

Остани поврзан