ДИК: Излезност од 18,18 отсто до 15 часот на повторените избори во четири општини
- До 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник што денеска се одржуваат во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23 298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128 286 гласачи. Гласањето се спроведува на 215 избирачки места, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Скопје, 11 јануари 2026 (МИА) - До 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник што денеска се одржуваат во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23 298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128 286 гласачи. Гласањето се спроведува на 215 избирачки места, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Најголема излезност е забележана во општина Врапчиште, каде до 15 часот гласале 5 730 гласачи, односно 21,01 отсто. Во Гостивар своето избирачко право го искористиле 14 770 гласачи, што е 17,85 отсто. Во Центар Жупа гласале 831 гласач, односно 10,99 отсто, додека во Маврово и Ростуше гласале 1.967 гласачи, што претставува 18,60 отсто.
Во споредба со гласањето на 19 октомври 2025 година, до 15:00 часот се забележуваат разлики во излезноста по општини. Во Врапчиште излезноста е зголемена за 6,47 отсто, додека во Гостивар е намалена за 3,01 отсто. Намалување е евидентирано и во Центар Жупа за 6,13 отсто, како и во Маврово и Ростуше за 1,54 отсто. дма/сст/
Фото: Принтскрин