• среда, 25 декември 2024

ДИК: Излезноста до 18 часот е 49,29 проценти

ДИК: Излезноста до 18 часот е 49,29 проценти
Скопје, 17 октомври 2021 (МИА) - Процентот на избирачи кои гласале во изборните места од кои пристигнале податоци до 18:00 часот е 49,29, информираше на вечерашната прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски. За овие избори, посочи Даштевски, ДИК е подготвена со соодветна инфраструктура за најбрз прием на резултатите од изборите и тие за првпат во историјата ќе бидат внесени директно од избирачките места и ќе бидат достапни за јавноста на веб страницата за резултати. - Што се однесува до излезноста на 2.785 избирачки места процентот е 79,25. Вкупен број на запишани избирачи на тие места е 1.415.409, вкупен број на избирачи кои гласале на тие места од кои пристигнале податоци е 697.637, а процентот на избирачи кои гласале во изборните места од кои пристигнале податоци е 49,29. Тика морам да спомнам дека за овие избори имавме термални принтери така што може овој резултат да е 5-6 отсто повисок во зависност од тоа колку гласачи ставиле на страна од отпечаток на прст во графата од избирачкиот список, изјави Даштевски. По општини, информираше Даштевски излезноста е: Аеродром - 49,23%, Арачиново - 49,14%, Берово 57,28%, Битола - 53,87%, Богданци - 58,81%, Боговиње - 35,86%, Босилово - 56,65%, Брвеница - 31,77%, Бутел - 48,88%, Валандово - 63,59%, Василево - 58,49%, Вевчани - 73,24%, Велес - 51,43%, Виница - 51,84%, Врапчиште - 34,81%, Гази Баба - 44,46%, Гевгелија - 63,12%, Ѓорче Петров - 48,66%, Гостивар - 39,35%, Градско - 66,41%, Дебар - 39,15%, Дебарца - 62,51%, Делчево - 56,05%, Демир Капија - 70,57%, Демир Хисар - 70,89%, Дојран - 73,50%, Долнени - 58,63%, Желино - 36,42%, Зелениково - 56,99%, Зрновци - 35,17%, Илинден - 60,54%, Јегуновце - 44,68%, Кавадарци - 62,73%, Карбинци - 71,46%, Карпош - 49,51%, Кисела Вода - 49,44%, Кичево - 41,93%, Конче - 72,46%, Кочани - 47,10%, Кратово - 57,79%, Крива Паланка - 65,51%, Кривогаштани - 70,20%, Крушево - 68,77%, Куманово - 47,37%, Липково - 35,70%, Лозово - 76,59%, Маврово-Ростуше - 31 отсто%, Македонска Каменица - 56,64%, Македонски брод - 73,29%, Могила - 66,71%, Неготино - 68,37 %, Шуто Оризари - 33,19% итн. - Ова се релативно големи проценти, освен последниот што до крајот на гласањето очекуваме уште неколку проценти да се зголеми, бидејќи ова се резултатите до 18:00 часот, значи ќе премине над 50 отсто, од прилика ќе дојде уште неколку проценти повеќе, изјави Даштевски. Државната изборна комисија, исто така, повика на воздржаност од политички активности до 19:30 часот, со цел затекнатите граѓани на избирачките места да можат да го остварат своето право на глас. – Во согласно со Изборнот законик гласањето завршува во 19 часот. Во врска со гласањето каде се затекнати гласачи пред објектот ДИК смета дека е добро да се излезе во пресрет на гласачите и затоа повикуваме до 19.30 часот да се воздржат од активности партиите, медиумите и сите други. ДИК смета дека ова е најдобро решение, информираше на вечерашната прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски. фф/аа/

Остани поврзан