• понеделник, 30 декември 2024

ДИК ги објави првичните неофицијални резултати од вториот изборен круг

ДИК ги објави првичните неофицијални резултати од вториот изборен круг
Скопје, 1 ноември 2021 (МИА) – Државната изборна комисија вечерва ги соопшти првичните неофицијални резултати од вториот круг од локалните избори. Конечните резултати, како што најави претседателот на ДИК, ќе бидат објавени денеска. Во градот Скопје, од обработени 89,5 проценти од гласовите, Петре Шилегов од коалицијата „Најдобро за мојата општина“ предводена од СДСМ има 78.664 гласови или 41,10 отсто, а Данала Арсовска – група избирачи 106.021 глас или 55,40 отсто.   Во Арачиново Ридван Ибраими од ДУИ освои 50,54 проценти, а Меликије Халими од СДСМ 47,9. Во Боговиње Бесник Емши од ДУИ доби 62,29 отсто, а неговиот противкандидат од АА/А Аљбон Џемаили 36,36 проценти. Во Брвеница Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 49,11 проценти, а Енвер Пајазити – независен – 48,61. Во Василево Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ има 49,22 проценти од гласовите, а Марјан Јанев од СДСМ 48,84 отсто од гласовите. Во Вевчани Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ има 50,41 отсто од гласовите, а Сашо Јанкоски СДСМ – 46,88 проценти. Во Врапчиште Исен Шабани од Алијанса и Алтернатива – 50,99, а Неби Реџепи од ДУИ 47,51 проценти. Во Гевгелија Андон Сарамандов од ВМРО-ДПМНЕ има 56,88 проценти од гласовите пред Сашо Поцков од СДСМ со 38,68 отсто од гласовите. Во Гостивар Арбен Таравари од Алијанса и Алтернатива освои 57,79, а Невзат Бејта од ДУИ 40,07 отсто. Во Дебарца Зоран Ногачески - независен има 52,81 отсто од гласовите, а Игор Крцоски од СДСМ има 44,74 проценти од гласовите. Во Демир Капија Лазар Петров од СДСМ освои 49,83 проценти од гласовите, а Андон Донев од ВМРО-ДПМНЕ 48,47 отсто од гласовите. Во Демир Хисар Никола Најдовски од ВМРО-ДПМНЕ има 49,75 отсто од гласовите, а Стевче Митревски од СДСМ 46,76 проценти. Во Долнени Урим Ибески од ДУИ освои 51,29 проценти, а Аднан Џафероски од СДСМ – 45,16. Во Желино Блејерим Сејдини од Беса има 49,97 отсто, а Фатмир Изаири од ДУИ 49,29. Во Зелениково Коста Маневски од ВМРО-ДПМНЕ има 51,64 проценти од гласовите и Борче Гиевски од СДСМ – 46,26 отсто од гласовите. Во Карпош Стевчо Јакимовски од ГРОМ освои 49,61 отсто, а Душко Весковски од СДСМ 44,79. Во Кичево Фатмир Дехари од ДУИ освои 53,00 проценти, а Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ – 44,34. Во Конче Златко Ристов од ВМРО-ДПМНЕ освои 49,93 проценти од гласовите, а Благој Илиев од СДСМ 48,89 отсто од гласовите. Во Кочани Љупчо Папазов од ВМРО-ДПМНЕ има 48,30 проценти, а Николчо Илијев од СДСМ 48,21. Во Кратово Тодорче Николовски од ВМРО-ДПМНЕ освои 59,92 проценти од гласовите, пред Влатко Бојковски од СДСМ  со 36,34 отсто од гласовите. Во Куманово Максим Димитриевски – независен има 55,32, а Оливер Илиевски од СДСМ 42,05 отсто од гласовите. Во Лозово Бошко Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ има 49,94 проценти од гласовите, а Ацо Велковски од СДСМ 47,45 отсто. Во Македонска Каменица Димчо Атанасовски од ВМРО-ДПМНЕ освои 51,00 отсто, Соња Стаменкова од СДСМ – 42,69. Во Македонски Брод Жарко Ристевски од ВМРО-ДПМНЕ има 48,97 отсто, а Ацо Новески – независен – 48,28. Во Ново Село Ѓорге Божинов од ВМРО-ДПМНЕ има 51,05 отсто од гласовите, аЗвонко Ангелов од СДСМ 47,06 проценти од гласовите. Во Пехчево Александар Китански од ВМРО-ДПМНЕ 51,20 отсто од гласовите, а Славчо Пандурски од СДСМ 45,98 проценти од гласовите. Во Пробиштип Драган Анастасов од СДСМ има 49,58, а Марјан Миленковски од ВМРО-ДПМНЕ 46,27 проценти. Во Охрид Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ освои 54,60 отсто, а Константин Георгиевски од СДСМ – 42,37. Во Ранковце Борче Спасовски од ВМРО-ДПМНЕ има 51,54 проценти од гласовите, Даниел Крстевски од СДСМ 46,45 отсто од гласовите. Во Ресен Јован Тозиевски од ВМРО-ДПМНЕ доби 50,07 отсто, а Живко Гошаревски од СДСМ 46,17. Во Росоман Стојан Николов од СДСМ има 53,65 проценти од гласовите, а Тихомир Николов од ВМРО-ДПМНЕ има 44,31 отсто од гласовите. Во Старо Нагоричане Жаклина Јовановска од СДСМ има 55,58 отсто од гласовите, а Власте Димковиќ од ТМРО 41,89 отсто од гласовите. Во Струга Рамиз Мерко од ДУИ освои 52,05, а Идри Истрефи од Алијанса и Алтернатива 44,33. Во Студеничани Азен Садики од ДПА има 49,73 отсто од гласовите, а Ејуп Абази од ДУИ 49,02 проценти од гласовите. Во Теарце Нухи Незири од ДУИ има 55,86 отсто од гласовите, пред Назим Таити од Алијанса и Алтернатива со 42,39 проценти од гласовите. Во Тетово Билал Касами од Беса освои 54,84 отсто, а Теута Арифи од ДУИ 42,02. Во Чашка Горан Стојановски од СДСМ има 56,07 проценти од гласовите, пред Суат Шаќиров од ДУИ 41,78 отсто од гласовите. Во Чешиново-Облешево Далибор Ангелов од ВМРО-ДПМНЕ освои 52,93 отсто, а Горанчо Крстев од СДСМ 44,15. Во Чучер Сандево: Сашко Комненовиќ од СДСМ има 50,73 проценти од гласовите, аЈован Пејковски – независен 46,78 отсто од гласовите. Во Битола од 87,6 отсто обработени избирачки места, Тони Коњановски ВМРО-ДПМНЕ има 51,18 отсто, а Христо Кондовски од СДСМ 44,81.  Во Радовиш, од обработени 91,30 проценти избирачки места, Ацо Ристов од ВМРО-ДПМНЕ има 59,34, Коле Чаракчиев од СДСМ 37,22. Во Центар од обработени 75,64 отсто избирачки места, Горан Герасимовски од СДСМ има 52,45, а Наташа Котлар-Трајкова од ВМРО-ДПМНЕ 43,45. Во Чаир, од 87,21 отсто од избирачките места, Висар Ганиу од ДУИ има 54,34 проценти, а Беким Сали од Алијанса и Алтернатива 40,83. Во Шуто Оризари, од обработени 75 отсто од избирачките места, Курто Дудуш од ДОМ/ЛДП има 50,57 проценти, а Ферат Асани од СДСМ 44,11. аа/са/          

Остани поврзан