• понеделник, 23 декември 2024

ДИГУ: Градоначалниците во Општина Чаир не ги исполниле законските надлежености и дозволиле хаотично бесправно градење 

ДИГУ: Градоначалниците во Општина Чаир не ги исполниле законските надлежености и дозволиле хаотично бесправно градење 

 

1 април 2024 

До инспекторат за градежништво и  урбанизам од 2010 година до крај на 2023 година  пристигнати се 327 претставки поднесени од страна на  физички или правни лица од Општина Чаир, кои пријавуваа 
бесправни градби или незапазување на законските одредби  од Закон за градење при градење. Бидејќи станувало збор за  градби од локално значење за кои во врска со чл.58 став 2 од  Закон за градење (Сл.Весник на РМ со 6p.124/10......,64/18,  168/18 и Сл.Весник на РСМ со бр.244/19,18/20 и 279/20,  227/22 w 111/23) одобренија за градење издава  градоначалникот на Општина Чаир како и надлежен да  изврши инспекциски надзор над овие градби од втора  категорија од членот 57 став 2 од овој закон и согласна  чл.128 став 2 од истиот закон се во надлежност на овластен  градежен инспектор при Општина Чаир, од страна на  Државен инспекторат за градежништво и урбанизам истите  претставки беа проследени на надлежност за постапување  на Градоначалник на Општина Чаир. 
 
Воедно сакаме да Ве известиме дека до Државен  инспекторат за градежништво и урбанизам доставени се и  кривични пријави за бесправни градби кои се изведени или  се изведуваат во Општина Чаир, кои од страна на  инспекторатот се процесирани и доставени на разгледување 
и надлежност за понатамошно постапување до надлежните  институции. Поради голем број на пријави в.д. директорот  на Државен инспекторат за градежништво и урбанизам на 
13.11.2023 год. издаде налог за вршење на вонреден  инспекциски надзор во Општина Чаир. 

Градежен инспектор при Државен  градежништво и урбанизам врз основа на одредбите од 
Законот за градење (Сл.Весник на РМ со 6p.124/10......,64/18,  168/18 и Сл.Весник на РСМ со бр.244/19,18/20 и 279/20, 227/22 и 111/23) и налогот за вршење на вонреден  инспекциски надзор согласно чл.128 став 1 и чл. 131 став 4  од Закон за градење изврши вонреден инспекциски надзор 
во Општина Чаир. Од извршениот инспекциски надзор е  составен Записник при што е констатирано дека Општина  Чаир нема назначено Општински градежен инспектор.  Поради тоа, а во согласност со чл.144 став 1 од Закон за  градење, до Министерство за транспорт и врски од страна на 
Градежен при Државен инспекторат 3a  градежништво и урбанизам е доставен Предлог за добивање 
на овластување за вршење на работите од надлежност на општински градежен инспектор во Општина Чаир. 
 
 Градоначалникот на Општина Чаир имал законски можности да го избегне овој правен вакум при што не назначил Општински градежен инспектор кој би го спровел Законот за  градење и би спречил бесправно градење во самата  општина, и тоа согласно чл.14 од Законот за локална 
самоуправа (Сл. Весник на РМ, со бр. 5/2002) можел да  склучи меѓуопштински договор со некоја од соседните  општини кои имаат Општински градежни инспектори или да  овласти од постојната општинска  администрација и тоа согласно чл.50 став 2 од Законот за  локална самоуправа кој ќе ги врши работите на Општински  градежен инспектор, кој треба да ги исполни условите 
согласно чл.130 од Законот за градење (Сл. весник на РМ  бр.130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/14,......... „ 35/18,  64/18,168/18 и Сл.весник на РСМ бр. 244/19, 18/20, 279/20, 227/22 и 111/23) како и чл.40, чл.41, чл.42 и чл.43 од Закон за инспекциски надзор (Сл. весник на РСМ бр.102/2019). Согласно чл.21 став 1 од Закон за локална самоуправа (Сл. Весник на РМ со 6p.5/2002) општините самостојно, во 
рамките на законот, ги уредуваат и вршат работите од јавен интерес од локално значење, утврдени со овој или друг закон и се одговорни за нивното вршење, чл.50 став 1 точка 5 од истиот закон градоначалникот го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани 
на општината. Од јавно достапните информации објавени на веб страната на Државен завод за статистика, објавени се извештаји за бесправно изградени објекти на државно ниво 
почнувајќи од 2009 па се до крај на 2022 година. Како извор и методи на прибирање на податоците во Извештајите од Државен завод за статистика е наведено дека податоците за бесправно изградените објекти се прибираат со Годишниот статистички извештај за бесправно изградени објекти, ГРАД. 714, кој го пополнуваат општините.

Општина Чаир во период од 2013 година до крај на 20 година има издадено во управна постапка, 24 Одобренија за "градење, 8 Одобренија за надградба и доградба, 1 - Одобрение надградба на индивидуална куќа, 12 Решенија за адаптација, 4 Решенија за пренамена, 47 Решенија за реконструкција, 1 Решение за реконструкција со адаптација.

Од горенаведените податоци може да се види дека во Општина Чаир споредено на бесправно изградените објекти со легални, има поголем број на бесправно изградени  објекти за разлика на законски издадени Одобренија или Решенија. Тоа се должи на нефункционирање на општината 
и на општинската администрација односно одделение за инспекциски надзор од областа на градежништвото. 
 
Со ваквата појава и неспречување на истата е дозволено изградба на голем број на згради и деловни објекти со што е причинета штета кон јавниот интерес со неплаќање на комуналии за истите како и е дозволено самоволие на оединци да профитираат на грб Ha чесните граѓани со поигрување на законите а на штета на обичниот граѓанин. Тука не станува збор за минорни прекршувања на Законот за градење, кои и текако треба да се санкционираат, тука станува збор за грубо кршење на сите закони CO дозволување на градби на колективни станбени згради без соодветни одобренија и на места каде истите не се предвидени со Детален урбанистички план да се градат како и на државно земјиште што е преседан пар екселанс. Со таквите градби во Општина Чаир се доведува BO опасност и нормалното функционирање на жителите на веќе најгустата населена општина водржавата со неможност за исполнување на минималните стандарди на хумана урбанизација и тоа на грб на самите жители а за сметка и придобивка на одредени луѓе познати само на општината. 

Во однос на самата легализација, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам согласно чл.27-а став 1 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти нема законска надлежност за постапување. Согласно чл.4 став 1 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти постапката за утврдување на правен статус на бесправен објект ја спроведуваат органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот и единиците на локалната самоуправа. Од тука произлегува дека правото за одлучување во управна постапка за легализирање на бесправно изградените објекти на локално ниво е во надлежност на самите општини поточно на градоначалниците. 
 
Од сето погоре наведеното, градоначалникот/-иците на Општина Чаир не ги исполниле законските надлежности дадени со чл.50 став 1 точка 5, точка 12, точка 13 и точка 14 од Закон за локална самоуправа, со што во територијата на Општина Чаир е дозволено хаотично бесправно градење без 
истите да се санкционират согласно законските одредби од Закон за градење и Закон за инспекциски надзор а во врска со Кривичниот законик поточно во согласност со чл.244-а од 
истиот закон. 
 
Со почит, 


Државен инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ) 

фото:МИА, принтскрин од извештај на ДИГУ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


 

Остани поврзан