Дигиталниот самит за Западен Балкан во фокусот на средбата Андоновски – Рокас
- Дигиталниот самит на земјите од Западен Балкан, кој ќе се одржи во октомври во Скопје беше во фокусот на средбата помеѓу министерот за дигитална трансформација, Јован Андоновски, со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас.
Скопје, 7 јули 2025 (МИА) - Дигиталниот самит на земјите од Западен Балкан, кој ќе се одржи во октомври во Скопје беше во фокусот на средбата помеѓу министерот за дигитална трансформација, Јован Андоновски, со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас.
Како што соопштуваат од Министерството за дигитална трансформација, на средбата министерот ја истакнал поддршката од ЕУ во процесот на дигитална трансформација, особено преку грантот од 1,2 милиони евра за развој на првата „супер владина апликација“.
Оттаму дополнуваат дека Министерството активно работи на иновации, претприемништво и поддршка на малите и средни претпријатија, користејќи ги програмите што ги нуди Европската Унија. ар/дма/
Фото: Министерство за дигитална трансформација