Дибала достапен за 12 милиони евра на странски клубови до 31 јули, Рома сака да го продолжи договорот
- Странските клубови можат да го купат Пауло Дибала за само 12 милиони евра до 31 јули.

Рим, 28 февруари 2024 (МИА) - Странските клубови можат да го купат Пауло Дибала за само 12 милиони евра до 31 јули.
Ова се условите за обештетувањето предвидено во договорот на 30-годишниот напаѓач со Рома, пренесува инсајдерот Николо Шира.
Договорот на Аргентинецот е до јуни 2025 година, а Римјаните сакаат да си ја отстранат неповолната клаузула за отштета и се подготвени да го продолжат договорот со Дибала.
На 18 натпревари од актуелната сезона во Серија А, Дибалат има 11 голови и шест асистенции. зс/
Фото: ЕПА