Диаб: Транспарентно се справив со експлозијата во пристаништето во Бејрут
- Либанскиот премиер Хасан Диаб денеска изјави дека неговата совест е чиста во случајот со експлозијата во Бејрут на 4 август, откако судијата што ја истражува експлозијата го обвини за небрежн

Бејрут, 10 декември 2020 (МИА) - Либанскиот премиер Хасан Диаб денеска изјави дека неговата совест е чиста во случајот со експлозијата во Бејрут на 4 август, откако судијата што ја истражува експлозијата го обвини за небрежност.
Диаб рече дека е уверен дека транспарентно се справил со досието за експлозијата во пристаништето во Бејрут, додавајќи дека е изненаден што бил мета на истражен судија.
Либанскиот истражен судија претходно ги обвини привремениот премиер Хасан Диаб и тројца поранешни министри за небрежност во експлозијата во пристаништето во Бејрут, во која загинаа 200 лица во август. паг/